Ќе го понуди американски стартап, а позната е и цената.
Ќе биде во понуда на компанијата Mullen Automotive, за која се’ повеќе се зборуваше кога ги проголта Bollinger motors, уште еден стартап ЕВ што работеше на многу интересно електрично возило. Марката сега има и производ за Европа, минијатурен електричен автомобил со симпатичен изглед.
Неговото име е i-Go, но всушност е автомобил од кинескиот производител Henan Henry Shiying Vehicle. Визуелно сличен на Smart, овој мал автомобил има електричен мотор од 46 КС (и 102 Nm) и батерија од 16,5 kWh која според NEDC стандардот обезбедува автономија од 200 км.
Автомобилот тежи само 795 кг, а максималната брзина е 100 км/ч.
#MullenAutomotive Announces the I-GO™, New Urban Commercial #Electric #DeliveryVehicle Available Now for European Markets
Learn more — https://t.co/UeBZXMYmP3$MULN #MullenUSA #IGO #EV #ElectricFleet #CommercialEV #DriveElectric #GreenTechnology #ElectricCars pic.twitter.com/ARcUapY1NJ
— Mullen Automotive (@Mullen_USA) October 24, 2022
Моделот ќе се нуди во првиот бран на пазарите во Шпанија, Франција, Германија, Ирска и Велика Британија, а потоа би можел да стигне и до останатите. Продажбата започнува во декември, а најавена е почетна цена од 11.999 УСД. Да речеме дека истиот модел се нуди во Кина по цена од 9385 УСД или 9080 УСД за секој што ќе нарача 50 примероци.
Фото: Mullen Automotive