Во 113. година умрел најстариот човек на светот:„Уште вчера беше добро, потресени сме поради губитокот!“

Додека бил во пензија обожувал да гледа сумо борење и да јаде слатки.
Најстариот човек на светот, Масазо Нонака, умрел во недела (денес) на возраст од 113. години, објавиле јапонските медиуми.
Членовите на неговото семејство рекле дека Нонака умрел мирно во сон во својата куќа во градот Ашоро.
Роден е на 25. јули 1905. година, а пораснал во големо семјество кое водело гостилница. Денес истата гостилница ја води негова внука.
Нонака ја надживеал сопругата но и три од своите пет деца.
Гинисовата книга на рекорди како најстаро лице на светот официјално го признала после смртта на Шпанецот Франсис Нунјез Оливер кој умрел минатата година.
„Потресени сме поради губитокот на овој голем човек. Уште вчера беше добро, се се одвиваше вообичаено, а денес веќе го нема“, рекла неговата внука Јуко за Kyodo News.
Нонака имаш шест браќа и сестри. Се оженил во 1931. година, а тој и сопругата имале пет деца. Додека бил во пензија обожувал да гледа сумо борење и да јаде слатки.
Јапонија е земја позната по долговечноста на населението. Веќе неколку жители на таа земја ја носело титулата на најстаро лице на светот. Меѓу нив бил и Јиромен Кимура, најдолговечниот човек на нашата планета кој умрел бргу после 116. роденден во 2013. година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …