ВНИМАНИЕ: Во овие 3 хороскопски знаци се раѓаат најлошите мажи!

Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Понекогаш маните преовладуваат над доблестите – особено кај овие три знаци на Зодијакот и нивните “брачни предиспозиции”.
Мажите родени во овие три хороскопски знаци дефинитивно не се родени под ѕвездата на среќниот брак.
Девица
Мажите родени во знакот на Девица се љубоморни и несигурни – а тоа можат многу добро да го сокријат во почетокот на врската. Дури откако ќе помине одреден период, тие почнуваат да ја покажуваат својата вистинска страна и да бидат големи манипулатори и болни “контрол фрикови”.
Бик
Биковите секогаш ќе ја ставаат кариерата пред стабилната врска и децата. Тоа објаснува зошто попрво би останале да работат до доцна во канцеларија отколку да поминат време со најдрагата личност на романтична вечера. Иако мажите родени во овој знак често ги опсипуваат своите сакани со скапи подароци и комплименти, на жената на својот живот никогаш нема да ѝ подари доволно – за неа толку драгоцено – време.
Риби
За жал, Рибите често самите се “катапултираат” во лоша врска. Мажите родени во знакот на Риби инаку се полни со разбирање и се многу чувствителни – затоа би требало да бидат и добри партнери. За жал, речиси секогаш ја привлекуваат погрешната личност која не знае да ги цени нивните квалитети. Лековерни какви што се, тие секогаш ја бараат вината во себе и затоа се многу несигурни.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 12.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Во текот на овој ден Овенот треба да се фокусира на обврските поврзани …