ВИТAМИН ЗA ОЧИ: Овој продукт е мелем за целото тело!

Блитвата треба да се јаде во што поголеми количини бидејќи е вистински мелем за телото, нагласуваа застапниците на народната медицина, а често го потврдуваат и официјалните истражувања.
Таа првенствено содржи лутеин и зеаксантин, карактеристични состојки што ги нарекуваат и „витамини за очите”. Овие состојки припаѓаат на групата каротеноиди, и делуваат на мрежницата на очите, спречувајќи ја макуларната дегенерација, која инаку е поврзана со стареењето, а во светот претставува најчеста причина за слепило. Во исто време, тие се корисни за епителните клетки кој одговорен за добра визија.
Освен што го чува видот, лутеин на кожата, исто така, и обезбедува заштита од УВ зраци. Анализите, инаку, покажуваат дека лицето ги содржи највисоките нивоа на лутеин во однос на целото тело, затоа што најчесто е изложена на сонце.
Во народната медицина, листовите блитва се користат за преврски на рани и чирови, а чорбички се даваат на оние кои страдаат од воспаление на мочниот меур и бубрезите. Обарената блитва со сецкан лук се користи како антибиотик, и ако додадете магдонос,ја стимулира уринарната екскреција и ја чисти крвта.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …