ВИСТИНСКИ МАСКИ: Ставиле лубеници на глава и ограбиле продавница

Двајца мажи успеале да ограбат продавница во Вирџинија, Австралија, а за да не бидат препознаени, тие ставиле лубеници на главите.
Безбедносните камери ги снимале мажите кои носеле издлабени лубеница на главата, со дупчиња за очите за да видат каде одат.
Полицијата побарала помош од граѓаните, да им помогне да ги идентификуваат крадците.
Медиумите јавуваат дека локалните граѓани ги препознале маскираните крадци, а полицијата го уапсила Џастин Роџерс (20).
Засега е непознато што украле од продавницата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 12.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Во текот на овој ден Овенот треба да се фокусира на обврските поврзани …