Mundus Vini 2024 Springtasting

Вината на Бовин меѓу најнаградувани на престижниот вински натпревар MUNDUS VINI 2024

Потврда за високиот квалитет на вината на Бовин пристигна и од 34-от реномиран интернационален вински натпревар MUNDUS VINI, кој се одржува во Германија. Во конкуренција на вина од целиот свет македонската винарија Бовин освои 4 златни и 3 сребрени медали, остварувајќи голем успех.

Златни медали освоија добро познатите црвени вина Бовин A’gupka 2015 (сорта вранец) и Бовин Era 2015 (сорта вранец), на кои овој пат на златниот пиедестал им се придружија и новите вина  гранд резерва Бовин Experience 2011 (сорта каберне совињон) и Бовин Emotion 2012 (сорта шираз) кој ја доби највисоката награда Grand Gold. Додека сребрено признание освоија вината Бовин My Way 2015 (сорта вранец), како и новите вина гранд резерва Бовин Elix 2016 (сорта темпранило) и Бовин Emotion 2021 (сорта шираз).


Bovin Experience 2011 (сорта каберне совињон) е вино направено од презреано грозје ферментирано во буре од 225л, и истото продолжено да зрее цели 11 години во буре од македонски даб, за да развие единствен и уникатен мирис и вкус, додека Бовин Emotion 2012 (сорта шираз) е добиено од дехидрирано грозје, класично ферментирано, а потоа однесено 10 години на зреење во буре.


Бовин Elix 2016 е од сорта темпранило првпат сечено во оптимални услови на зрелост, доферментирано во дабови буриња од 225л, кое по 5 години одлежување, се префрла во инокс, за да во следните неколку години доразвие уникатни ароми и вкусови.

Горди сме на овој успех, бидејќи претставува потврда за нас дека во континуитет создаваме високо квалитетни вина направени за уживање, изјавија од Бовин. Особено сме задоволни бидејќи признанието доаѓа од MUNDUS VINI престижен вински натпревар во светот на кој се натпреваруваaт над 12.000 различни вина од земји кои значат во светот на виното.


И оваа година вината се оценуваа според 20 критериуми, категоријата во која припаѓаат, потеклото, нивото на квалитет и вкус, и се евалуираа во согласност со стандардите за оцена на Меѓународната организација за вино (OIV), која е признаена и од Интернационалната Унија на Енолози (UIOE).

Меѓународното жири го сочинуваа 300 вински експерти од целиот свет, енолози, винопроизводители, професионални трговци со вино, сомелиери и стручни новинари од различни земји, кои неколку дена, на “слепо” дегустираат, евалуираат и оценуваат вина од различни делови на светот, вина од познати вински региони од Чиле, САД, Франција, Австралија, Аргетина и многу други земји.

MUNDUS VINI е основан од страна на Meininger Verlag и е едeн од најважните вински натпревари во светот. Целта на натпреварот е да се промовира квалитет, и да им се овозможи на производителите, лозарите, увозниците и потрошувачите да учествуваат на еден интернационален форум, каде ќе можат да ги споредат своите вина, и да добијат вредно признание за вложениот труд. https://www.meininger.de/en/wine/tastings/mundus-vini

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВО МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНУВА СИЛЕН ЛАДЕН АТМОСФЕРСКИ ФРОНТ ОД СЕВЕР И ОД СЕВЕРОЗАПАД: Во среда ќе не зафати силно невреме – Од четврток значително заладување, а на планините ќе има и снег

Метео прогноза на Славчо Попоски: Уживајте во вистинското летно време уште утре почитувани, максималните дневни …