На 28 февруари 2024 година, со почеток од 19:30 часот, во Народниот Театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп гостува претставата „Грета“ на Театар „Златен Елец“ од Скопје.
„Грета“ според Луц Хибнер и Јохан Волфганг фон Гете
Режија и адаптација: Тамара Стојаноска
Преведувачи: Тамара Стојаноска и Ане Блажовски
Играат: Димитрина Мицкоска Трајкоска и Ане Блажовски
Музика: Лука Тошев
Вокал: Дина Јашари
Дизајнер на плакат, маски и портрети: Бојана Цилевска
Изработка на сценографија: Слободан Петрушевски
Извршен продуцент: Бобан Алексоски
Продукција: Театар „Златен Елец“ – Скопје
Фотографија и видео: Јани Патче
Со „Грета“ раскажуваме приказна за театарот, за создавањето на театарски светови, за пробата и процесот, за актерите како душата на театарот, за односите на театарските уметници во еден процес. Ситуациите и ликовите што се претставени се модели земени од театарскиот свет, ликови кои што на сите театарџии ќе им бидат многу блиски и познати, а за оние кои не се во оваа професија, ова ќе биде како ѕиркање во една театарска приказна која што преку комедијата ќе води низ процесот на создавањето на една претстава. Сите ликови се обични луѓе со различни погледи, методи, принципи и поинаква љубов кон театарот и животот воопшто. Низ претставата се прикажани осум различни концепти за култната сцена со кутијата на Грета од „Фауст“ и двајца актери кои што ќе зборуваат за својата професија, за магичните, но и за оние тешки моменти со кој се судира секој театарски уметник. Театарот постоел илјадници години и ќе продолжи да постои и покрај тешкото време во кое се наоѓа, бидејќи ова е повеќе од професија, ова е начин на живот, чудна моментална магија на сцена која што не се повторува исто двапати.