ВИДЕОТО СТАНАЛО ВИРАЛНО – СНИМКАТА ОД КАТАР ЈА ПОГЛЕДНАЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 11. МИЛИОНИ ЛУЃЕ: Се обидел тајно да намигне, а реакцијата на неговата девојка го „запалила“ интернетот

Моментално највирално видео на Твитер е несекојдневната сцена од трибините на Светското првенство, која се случила за време на натпреварот помеѓу Хрватска и Бразил.
Имено, камерите „уловиле“ комична сцена на трибините во која млад Бразилец држи телефон со предната камера на својата поубава половина за да и помогне да ја поправи шминката.


Меѓутоа, додека таа се концентрирала да си го поправи ајлајнерот, а тој го држел телефонот, гледал што се случува околу него, на теренот и на трибините, во еден момент некому значително намигнал и се насмевнал.
Врз основа на видеото се добива впечаток дека девојката го забележала тоа и веднаш ја прекинала шминката и реагирала давајќи му прекорен поглед кој „убива“ на својот избраник, а тој веднаш го променил изразот на лицето и се „скаменил“.
Клипот е прегледан повеќе од 11. милиони пати, а бројот на прегледи расте секоја секунда. Огромен е и бројот на различни коментари – жените тврдат дека младиот човек е вистински џентлмен, додека мажите велат дека е очигледно кој го има главниот збор во оваа врска.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Репертоар за Мај во Театар Комедија

Мај е еден од најубавите месеци во годината кога пролетта е во целиот свој сјај. …