(ВИДЕО+ФОТО) Вечерва стартува „Песна на Евровизија“: На потег првите полуфиналисти!

Денес во Тел Авив ќе започне е првото полуфинале на Евросонг, со настап на 17 земји, кои заедно со Франција, Израел и Шпанија ќе можат да гласаат во ова полуфинале.

Вечер настапуваат Кипар, Црна Гора, Финска, Полска, Словенија,Чешка, Унгарија, Белорусија, Србија, Белгија, Грузија, Австралија, Исланд, Естонија, Португалија, Грција и Сан Марино.


Во второто полуфинале, задутре, кога настапуваме и ние (17. по ред), ќе учествуваат 18 земји, кои заедно со Германија, Италија и Велика Британија ќе можат да гласаат во ова полуфинале. Во финалето, на 18 мај, 26 земји ќе настапат, а ќе можат да гласаат сите 41.


Мотото на годинашниот евровизиски избор е „Осмели се да сонуваш“

Шеесет и четвртото издание ќе има 41 учесник. Бугарија се откажа поради финансии, а потоа и Украина.

Тамара синоќа пееше во „Еуро селото“

Aвтори на евровизиската песна „Proud“ на англиски јазик се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а стиховите се дело на писателот Коста Петров, кои се дел од евровизискиот тим во Израел.

Ова ќе биде четврто учество за Тамара на овој престижен фестивал, но прво како солист.

На Евровизија таа првпат настапуваше како придружен вокал на Тоше Проески, во 2004 година во Истанбул, потоа со Адријан Гаџа и со Врчак во Белград 2008 година ја претставуваше Македонија со песната „Let me love you“, но не се пласира во финалето. Како придружен вокал на Тијана, таа беше и на евровизискиот натпревар во 2014 година во Копенхаген.

Последниот македонски претставник што избори пласман на евровизиско финале беше Калиопи во 2012 година.

Холанѓанецот и Италијанецот се фаворити

Од музички аспект повторно ќе има квалитетна понуда, но секако и по некоја „заскитана“ нумера. Како и секогаш во пресрет на настанот, први индикатори за финалниот резултат се квотите во обложувачниците.Сепак, некогаш се случува и да има отстапувања во бројките, па и во рангирањето. Актуелни фаворити се Холанѓанецот Данкан Лоренс, Швајцарецот Лука Хени и Италијанецот Махмуд. За германските претставнички Карлота и Лаурита, кои настапуваат под името „Систерс“, шансите не се големи – за нив се типува дека ќе заземат некои од последните места. Но, ако во живо покажат добра изведба, може да се сврти листот за младите пејачки. Така беше и со Михаел Шулте во 2018 во Лисабон, кој на почеток беше третиран како аутсајдер, но во деновите пред финалето стана еден од омилените изведувачи и стигна дури до четврто место.

Најсовремена сцена

Без оглед колку е добра песната, или талентиран изведувачот, сепак, на крај пресуден е сценскиот настап. Љубителот на Евровизија веќе со недели ги знае песните на сите 41 учесник, но перформансот во живо до почетокот на пробите беше добро чувана тајна. Тоа што во Тел Авив од почеток беше јасно: скромноста од Лисабон попусто ќе ја барате. Во 2018 бината и светлосните ефекти беа многу едноставни.За 2019 германскиот сценски дизајнер Флоријан Видер доби други насоки: бината да биде уникатна, иновативна и хајтек. Видер, кој со години е задолжен за дизајнот на бината за Евровизија, желбата им ја остварил на многу впечатлив начин.

Специјални гости: Мадона, Дана Интернешенел, Манс Зелмерлев…

Секое шоу има дел од програмата кога се поканети звучни имиња како гости. Па така, фановите на Евровизија може да се радуваат на повторна средба со Дана Интернешенел и Вера Сердушка. Други ѕвезди како Кончита од Австрија, Манс Зелмерлев од Шведска и Елени Фуреира од Кипар ќе си ги разменат песните и тоа ќе биде хајлајт за музичките гурмани.Минатогодишната победничка Нета ќе го отвори шоуто, а во петок ќе биде кулминацијата со настапот на поп-ѕвездата Мадона во Тел Авив.

МРТВ ќе врши директни преноси од сите три вечери, со почеток во 21 часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …