(ВИДЕО+ФОТО) Уште неколку чекори до финале: Јасмин Алиевски повторно беше брилијантен во „Ѕвездите на Гранд“

Скопјанецот Јасмин Алиевски уште еднаш докажа зошто е „зрел“ кандидат за во финалето на музичкото регионално шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Јасмин настапи во саботата и уште еднаш ја воодушеви жирикомисијата составена од веќе докажаните музички имиња како што се: Снежана Ѓуришиќ, Ана Бекута, Драган Стојковиќ, Мили, Марија Шерифовиќ, Ѓорѓе Давид, Цеца и Саша Поповиќ.
Нашиот Јасмин се претстави со две добро познати песни, едната беше „Сањао сам ночас да те немам“ и „Генерал без чинова“.

This image has an empty alt attribute; its file name is jasmin-alievski.png
Тој доби пет од вкупно шест гласови и со тоа заврши во баражот на крајот на емисијата, каде уште еднаш пееше пред жирикомисијата.
Се разбира, во баражот Јасмин доби „апрув“ за следниот круг, односно патува во четвртфинале.
„Првата песна ја отпеа фантастично. До таа мерка точно и прецизно ги погодуваше се оние ситуации во првта строфа и тоа ми веше навистина преубаво, преубаво“ – кажа Марија Шерифовиќ, иако таа не даде глас ниту на Јасмин, ниту на другата натпреврувачка.
„Првата песна за поминување, втората за испаѓање. Првата песна ја донесе како што треба, многу оргинално“ – искоментира Мили.


This image has an empty alt attribute; its file name is jasmin-alievski-2.png
„Толку добра беше првата песна, поради неа ти ги простив фалшевите во втората“ – кусо искоментира Снежана Ѓуришиќ“.
„Првта песна феноменална“ – искоментира Ана Бекута.
Одлични беа коментарите и на останатите членови на жирикомисијата.
Погледнете го неговиот настап:


Фото: Приватна архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …