Еко-активистички перформанс низ улиците на Скопје – The Recycling Ball Walk

Во среда (07.06.2023) ќе се одржи еден еко-активистички перформанс од страна на два артисти од странство кои патуваат низ светот. Овој млад номадски пар работат на проект финансиран од Goethe институтот во Македонија. Идејата им е да соберат огромен број на пластичен отпад и да го претворат во една огромна топка од отпад која ќе ја тркалаат низ град. Ова веќе го имаат направено во Приштина пред една година.


Тркалањето на топката ќе започне на ул. Борка Талевски бр. 26 и ќе заврши во близина на Градски Парк каде што ќе се растури и даде на рециклирање.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денешен хороскоп (27.04.2024): Бикови не чекајте нешто да се случи на вашиот љубовен план, за лавовите потребно е повеќе внимание и разбирање

Овен Работа: Опуштениот прв ден од викендот е за повеќето Овни да уживаат првенствено во …