(ВИДЕО+ФОТО) СТРАВИЧЕН НАПАД: Момче и девојка се скарале па тој со нож и го врежал неговото име на челото – Имал морбиден план!

Еден тинејџер од Тексас го врежал своето име на челото на својата девојка, откако имале расправија. Џејкоб Хилдрет (19) бил уапсен во петокот вечерта и обвинет за напад со смртоносно оружје, соопштила полицијата.
Неговата девојка Каталина Мирелес (22) изјавила дека мислела дека ќе умре.
„Тој сакаше да ме стави во плакарот сè додека не смисли што да прави со моето тело“, изјавила Каталина.


Таа во полиција изјавила дека на 5 декември имала расправија со Џејкоб околу нивната врска. Расправијата ескалирала и Џејкобв повеќе пати ја удрил Каталина, а потоа ја сроборил и ја држел на земја додека со нож и го врежувал неговот име на челото.
“Тој ме држеше за вратот и ме удираше по лицето. Потоа го првежа своето име со нож на моето чело”, додала Каталина.


Тинејџерот избегал од местото на настанот, но, бил уапсен следниот ден, а полицијата соопштила дека има историја на насилно однесување, вклучително и провали и семејно насилство.
Џејкоб е во притвор со кауција од $ 75.000, а ќе се појави на суд во јануари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …