(ВИДЕО+ФОТО) Спојлер алерт! Крај на „Игри на престолите“: „Поради ова ли гледавме осум години!“

Текстот што следи содржи спојлери!
Ако не сте ја гледале последната прикажана епизода на „Игри на престолите“ веднаш “напуштете“ го написот!
СПОИЛЕР АЛЕРТ!
Синоќа, во САД, е прикажана последната епизода од осмата сезона на „Игри на престолите“, а крајот предизвикал бурни реакции на фановите на социјалните мрежи.
Авторите на серијата, Дејвид Бениоф и Ден Вајс, во една пригода напишале :„Ако мислите дека ова ќе биде среќен крај тогаш веројатно не сте обрнувале доволно внимание“, и тоа навистина се покажало вистинито во последната епизода која донела бројни изненадуавња за фановите на најпопуларната серија на денешницата.
На железниот трон, околу кој се’ се вртело, на крај не заседнал никој бидејќи змејовите после смртта на нивната кралица Даенирес, со огинот го истопиле, но титулата на нов владетел ја добил молчеливиот Бран Старк, кој на многумина, судејќи според коментарите на социјалните мрежи, бил еден од иритантните ликови во серијата.
Сцената која предизвикала најмногу реакции на социјалните мрежи сепак била сцената на смртта на Даенерис. Неа и пресудил саканиот Џон Сноу и тоа откако и рекол:„Ти си моја кралица. Сега и засекогаш…“


Многумина ги воодушевила и сцената во која Џон Сноу потворно се сретнува со стравоволкот Дух. „Мој најдраг дел до финалната епизода“, „Совршено“, биле само некои од коментарите на социјалните мрежи после таа сцена.

„Ова не е крај каков заслужуваме“, „Поради ова ли ја гледав серијата осум години?!“, пишуваат фановите на Твитер, а дел од реакциите погледнете подолу…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излет на село – „Цветници“

Денес на празникот Цветници со почеток во 11:00 часот, во организација на Здружение за локален …