Победникот на годинешната Евровизија е Данкан Лоренс, претставник на Холандија. Тој во победничката песна говори за тешката животна приказна која му се случила.
Пејачот открил дека инспирација за песната дошла од голема болка, а потоа во песната потполно „се разголил“.
„Ме инспирира прераната смрт на личност која ја сакав“, изјавил Данкан, не сакајќи притоа да изнесува повеќе детали за тоа, освен што подвлекол дека станува збор за навистина рана животна доб.
Она што е интересно е дека пејачот во спотот за „Песна на Евровизија“ се појавува потполно гол.
Екран.мк/The Sun
Фото:Printscreen