(ВИДЕО+ФОТО) Сопругата на полицаецот обвинет за убиство на Афроамериканец во САД

Кели Шовин, сопруга на бивш полицаец од Минеаполис, Дерек Шовин поднела документи за развод по 10. години брак.
Во изјавата што ја пренесе нејзиниот адвокат, Кели вели дека е шокирана од убиството на 46-годишниот Флојд, кој починал претходно оваа недела за време на насилното апсење. Во изјавата се вели дека таа е многу погодена од смртта на Флојд и дека сочувствува со неговото семејство.


Дерек Шовин е обвинет за т.н. убиство од трет степен и убиство без предумисла, објави во петокот Мајк Фримен, обвинител на округот Хенепин. За убиство од трет степен во Минесота е предвидена казна до 25 години затвор. Останатите тројца – Томас Лејн, Ту Тао и Џ. Александар Куенг – сè уште се под истрага.


На Шавин му е изречена кауција од половина милион долари во случај да сака да ја активира.


Шовин со колено го притискал вратот на Флојд точно осум минути и 46 секунди, односно две минути и 53 секунди, од моментот кога Флојд за прв пат започнал да биде нереспонзивен, односно кога престанал да реагира. Во извештајот се заклучува со објаснувањето дека во полициската обука јасно се нагласува дека овој вид на смирување на осомничените е крајно опасен по живот.


На Шовин му е изречена кауција од половина милион долари во случај да сака да ја активира.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …