(ВИДЕО+ФОТО) Славна пејачка поради болест го напушта Инстаграм: „Со месеци не поминав ден без болка“

Пејачката Џеси Џеј објави дека ќе се повлече од социјалните мрежи некое време поради нејзината здравствена состојба. Своето збогување го сподели со 10 -те милиони обожаватели кои ја следат на Инстаграм.
Џеси се бори со болеста Мајнер повеќе од шест месеци, болест на внатрешното уво, која се карактеризира со напади на вртоглавица, гадење и повраќање, како и тинитус и глувост.
Таа кон средината на август проговорила за нејзината состојба и опишала колку е особено тешко за неа да биде погодена од болеста.


View this post on Instagram

A post shared by J E S S I E J (@jessiej)


„Вчера се обидов да отпеам песна што нормално ја пеам со леснотија и не можев. Проблемот не е мојот глас, туку болеста влијае на мојот глас. Плачев. Со часови. Си дозволив да го почувствувам скршениот дел во мене што честопати го игнорирам иако не треба. Шест дена не поминаа без болка во вратот и грлото. Понекогаш е подобро, понекогаш е полошо”, напишала тогаш меѓу другото, додавајќи дека се обидува да биде позитивна.
Во најновата објава, сепак, таа ги извести фановите дека ќе се повлече од социјалните мрежи додека и биде подобро.


„Ќе исчезнам од социјалните медиуми некое време и ќе се фокусирам 100. проценти на себе и ќе се занимавам со она што се случува со моето тело. Ова го пишувам од љубов и почит кон фановите кои ме следат и поддржуваат овде. Ќе се видиме кога вакви слики ќе се прават во сегашниот момент, а не будат само сеќавање“, напишала таа покрај фотографијата на која пее.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …