22-годишната ќерка на починатиот актер Пол Вокер на почетокот на месецов се омажи за партнерот Луис Торнтон-Алан, а сега на својот Инстаграм профил објави фотографија и видео од венчавката која разнежни многумина.
На фотографијата може да се види Медоу како до олтарот ја води Вин Дизел, кој беше најдобар пријател на нејзиниот татко. На друга фотографија што ја сподели со придружниците, таа и нејзиниот сопруг позираат насмеани додека гостите им фрлаат ориз.
„Конечно венчани“, напишала таа во описот.
Медоу за „Вог“ изјавила дека коронавирусот ја нарушил организацијата на венчавката.
„Семејството на Луис не можеше да дојде“, рекла таа. „Многу блиски пријатели кои ги сметаме за семејство, исто така, не можеа да дојдат поради ограничувањата“.
Фото: Принтскрин/Instagram