(ВИДЕО+ФОТО) САМО ОСТРО ВО БОРБАТА ПРОТИВ КОРОНА: Холандскиот апелационен суд ја суспендирал пресудата со која се укинува полицискиот час!

Апелациониот суд во Холандија ја суспендирал пресудата со која и се наложува на владата да го откаже полицискиот час во Холандија, бидејќи со тоа се нарушува слободата на движење и собирање.
Судот во Хаг вчера донел одлука дека треба да се укине полицискиот час, за што владата веднаш поднела жалба. Подоцна во текот на денот, повисокиот суд ја суспендирал пресудата, што значи дека полицискиот час ќе продолжи, пренесува Еуроњуз.
Во претходната пресуда, Хашкиот суд изјавил дека „полицискиот час е далекусежно кршење на правото на слобода на движење и приватност и (индиректно) го ограничува, меѓу другото, правото на слобода на собирање и демонстрации“.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Map of Europe (@map_of_europe)


Владата побарала и добила забрана или итна наредба, со која тричлениот апелационен совет во Хаг се согласил да ја прекине пресудата и да го задржи полицискиот час во сила до сослушувањето во петок.


Тоа е првиот полициски час во земјата по Втората светска војна и предизвикал масовни протести. Стапи во сила на 23. јануари поради загриженост за ширење на заразната британска верзија на вирусот. Требало да заврши на 9. февруари, но владата минатата недела објавила дека мерката е продолжена до 3. март.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …