(ВИДЕО+ФОТО) Сакаат да им помогнат на луѓето – Овие чесни сестри заработуваат милион евра годишно од марихуана: Започнале со 12. билки а успеале да излекуваат 8. луѓе!

Три чесни сестри од САД заработиле скоро милион евра на производство и продажба на марихуана за здравствени цели.


Тие одлулчиле да одгледуваат и продаваат марихуана а „проектот“ го започнале пред седум години со само 12. билки.


Чесните сестри тврдат дека со своите производи успеале да излекуваат дури осуммина луѓе од нивните зависности, а марихуаната ја одгледуваат за да ги лекуваат луѓето од болести како што се рак и епилепсија.„Работевме со неколку луѓе кои се зависни од алкохол, тутун или некој вид на дрога. Успеавме да ги излекуваме, сите се чувствуваат многу подобро“, рекла чесната сестра Кејт.



Тие марихуаната ја нарекуваат прекрасна билка која „лекува на посебен начин“.
„Светот полека се’ повеќе се отвора кон идејата да користи канабис како лек, а не како опасна дрога“, вели таа.

За овие чесни сестри е снимен и документарец, а тие се надеваат дека ќе успеат во борбата против законот кој забранува користење на марихуана.

Екран.мк./Тањуг
Фото: Youtube/Printscreen

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …