Синоќа во Србија се одржа свеченост по повод Видовдан и вториот мандат на нивниот претседател Александар Вучиќ, но по тој повод внимание привлече неочекуван детал.
Вучиќ на церемонијата пристигна со сопругата Тамара со која ретко се појавува во јавноста, а сцената почна да се шири на социјалните мрежи што насмеало многумина.
На заедничката фотографија на парот, Тамара го фатила за рака својот сопруг, додека српскиот претседател делувал како да е „рамнодушен“ кон тоа. Овој детал не им „избегал“ на корисниците, па почнале да следат бројни реакции.
Vidi nju 😶
Krenula pod šatru pic.twitter.com/yZMQhAtURi
— Rebelić 🇨🇲 (@Remoozbg) June 28, 2022
Поради својот гест кон сопругата, Вучиќ го нарекувале „дрвена Марија“, правејќи шеги на сметка на неговото „кавалерство“, додека на Тамара и напишала дека изгледа како да му се „закачила“ на раката.
„Ако твојата жена те фати за рака, не ја држиш во оваа поза – незаинтересирана“, напишал еден корисник.
„И погледнете го кавалерот како со стил ја држи раката“, е уште еден од коментарите.
View this post on Instagram
Корисниците заклучиле дека Вучиќ изгледал збунето и „како да не знае што прави“, но тие тврделе – можел барем малку да ја свитка раката за да покаже почит кон сопругата.
Фото: Принтскрин/Twitter