(ВИДЕО+ФОТО) Рапер загинал во трагична несреќа додека одел на настап

Британскиот рапер Кадет во петокот навечер загинал во Лондон, после сообраќајна несреќа…
28.годишниот Кадет, чие вистинско име било Блеин Џонсон, се наоѓал во такси кое се судрило со друго возило. Возачите од двете возила претрпеле тешки повреди и итно се префрлени во болница, додека Кадет починал на лице место, пишува The Sun.


Семејството веста за неговата смрт ја споделила на неговиот профил на Инстаграм кој го следеле повеќе од 300. илјади луѓе.
Оваа вест ги погодила неговите колеги во музичката индустрија кои од него се простуваат на социјалните мрежи.


„Мојот живот никогаш повеќе нема да биде ист. Те сакам и засекогаш ќе ми недостасуваш. Не можам да верувам. Срцето ми е скршено. Почивај во мир. Конечно почна да добиваш признанија кои ги заслужуваш. Толку сум горд“, напишал неговиот роднина, раперот Крепт, кој покрај ова на Твитер објавил и нивна заедничка слика од детството.

Кадет бил најпознат по песните Letter to Krept, Instagram Girls, Advice…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …