(ВИДЕО+ФОТО) Оваа тврдина крие многу мрачни тајни: Се наоѓа среде „никаде“ а таму се спроведувани страшни насилни експерименти – Бегството не било возможно!

Тврдината Цар Александар I,како и самиот остров кое настанало „среде никаде“ биле вистинско изненадување за шведските морепловци.
Од пристаништето во Кронштат испловил првиот руски пароброд, првиот ледокршач на светот и првиот руски морепловец кој го опловил светот, Иван Крузенштерн, поради што градот и се нарекува за колевка на Руската воена морнарица.
Мноштвото население биле морнари и војници кои често се простувале од својот дом за да запловат во уште неоткриените води, на возбудливи дестинации.


Во време на советската криза кога продавниците во големите градови биле празни, полиците во Кронштат нуделе се што му било потревно на населението. Сепак, од него било тешко да се замине, токму како и да се дојде. Таму се развивале и тестирале нови оружја, а се извршувале и воени и медицински експерименти. Бројни стручњаци биле доведувани спротивно на нивната волја, а некои од нив се обидувале и да избегаат.
Тоа не им успевало, како поради чуварите кои ги држеле на око или на нишан, како поради водената, односно, ледена изолација. Денес Котлин со копното е поврзан со сообраќајница, како и со тунел под Финскиот залив, но порано од тој остров можело да се замине исклучиво по морски пат.



Научниците во Кронштат успеале да направат вакцина против чума и така да спасат илјадници животи. Експериментите ги правеле на животни кои потоа ги палеле. Бројни истражувања се правеле во потполна тајност, како на пример, радијацијата на која биле подвргнати животни за кои сведочеле тогашните жители на Котлин.


Инаку Котлин, или Крунски град се наоѓа на 48. километри западно од градското јадро на Санкт Петерсбург, а неговото име е со германско потекло, тоа е синтагма од крона = круна + стадт = град, крунски град.


Кронштат го основал Петар Велики, откако го освоил островот, кое тогаш се викало Кроност, од Швеѓаните во 1703. година и подигнал тврдина со докови кои требало да го штитат пристапот до Санкт Петерсбург. Се’ додека не бил ископан канал до Санкт Петерсбург помеѓу 1875. и 1985. Кронштат бил и пристаниште на трговската морнарица во која се претоварувал товарот од помалечки на поголеми бродови.


Екран.мк/Pun kufer
Фото: Youtube/Printscreen

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …