Неговите колоритни згради и архитектура се заштитени од УНЕСКО, а привлекоа и камери од турските серии кои тука пронајдоа прекрасни пејсажи.
View this post on Instagram
За правилно да го истражиме Истанбул, не би ни биле доволни три животи (а според новото, толку ни треба да излеземе од новиот аеродром). Европскиот дел, азискиот дел, џамиите, црквите, синагогите, музеите, вилите покрај Босфор, стариот град, кулата Галата, модерните хипстерски населби, крстарењата, чајните забави, лежењето на тревата и поздравувањето на мачките – се само дел од активности за кои вреди да се одвои време.