УКРАИНСКИОТ претседател Володимир Зеленски им рекол на Русите дека телата на нивните војници лежат на боиштата во Украина и дека никој не ги зема.
„Во жариштата на особено тешките битки, првите линии на нашата одбрана се преплавени со трупови на руски војници“, реКОЛ тој во најновата видео порака објавена рано утринава.
„И тие трупови, тие тела никој не ги зема“, додал Зеленски и повторил дека од почетокот на инвазијата на неговата земја загинале 14.000 Руси.
View this post on Instagram
Тој рекол дека може да разбере дека Русија има речиси бескрајни резерви на војници и воена опрема. „Но, би сакал да знам, граѓани на Русија – што се случи со вас што не ги забележавте вашите загуби?
„Тоа се 14.000 мајки, 14.000 татковци, сопруги, деца, роднини, пријатели – а вие не забележувате?“, прашал Зеленски.
Тврдењата на Украина за бројот на загинатите руски војници не можат независно да се проверат, ниту пак може да се утврди точниот број на украинските загуби.
Пред една недела Киев објави дека во руската инвазија загинале околу 1.300 украински војници и 14.000 Руси.
Русија само еднаш се огласи пред две недели, објавувајќи дека изгубила 500 војници во Украина.
Фото: Принтскрин/Instagram