(ВИДЕО+ФОТО) НЕВЕСТА ВО ЛИБАН – Погреб наместо свадба: Медицинска сестра од Бејрут станала симбол на катастрофата

Сахар Фарес, 24-годишна медицинска сестра станала симбол на катастрофата што се случи во Бејрут. Сахар била со пожарникарите кои загинале во експлозиите што се случија во вторникот, а нејзиното семејство и свршеникот за неа во четвртокот подготвиле „свадба“ што никогаш нема да ја има.
Сè било сторено точно како што се случува на либанските свадби, само што овој пат невестата била во ковчег. Музичарите во церемонијални златни фустани свиреле додела пожарникарите го носеле белиот ковчег кон мртовечницата, а членовите на нејзиното семејство фрлале ливчиња од рози и ориз.


Нејзиниот свршеник Гилберт Караан го носеле на раменици додека плачејќи се поздравувал со својата сакана.


“Сè што сакаше ќе се почитува. Само нема да бидешво бела венчаница. Ми го скрши срцето, моја љубов. Животот нема вкус откако те нема”, напишал Караан на социјалните медиуми пред церемонијата.


Сахар во вторникот го повикала својот свршеник за да му го покаже големиот пожар што избувнал во пристаништето. Бидејќи во тоа време никој нема потреба од лекарска помош, таа седела во противпожарниот камион гледајќи ги колегите кои се бореле со пожарот. Додека пожарот се проширувал, таа излегла од камионот за подобро да му покаже на свршеникот што се случува. Таа му рекла дека слуша чудни звуци што порано не ги слушнала. Нејзиниот свршеник ја молел да остане настрана, што и го направила, но премногу доцна. Последното нешто што Гилберт го видел биле нејзините чевли додека барала засолниште. Следела експлозија, пишува Њујорк Тајмс.
“Мојата убава невеста. Нашата свадба требаше да се одржи на 6. јуни 2021 година. Наместо тоа ќе биде утре. Те сакав, те сакам и секогаш ќе те сакам. Додека повторно не се обединам со тебе и го продолжиме нашето патување заедно”, напишал Гилберт во средата на социјалните медиуми.
Тагата поради трагичната судбина на младата Сахар била изразена на социјалните мрежи од луѓе од целиот свет, нарекувајќи ја либанска невеста.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …