(ВИДЕО+ФОТО) Најскапиот руски автомобил на сите времиња распродаден за неколку дена

Целото годишно производство на најскапиот руски автомобил во историјата е распродаден за само неколку дена.
Се разбира, зборуваме за моделот „Сенат“ на релативно новата марка Aurus, чие производство за отворениот пазар започнала во текот на мај оваа година. Во почетокот на октомври, првите копии пристигнале во салонот во Москва за да бидат понудени на јавноста. Сепак, само неколку дена подоцна Aurus објави дека се продадени сите 350 примероци што треба да се произведат оваа година. Затоа, тие се принудени веќе сега да ја отворат листата на нарачки за следната година.


И’ сето ова не би било воопшто чудно ако не зборуваме за автомобил што чини околу 24 милиони руски рубли, или околу 289.000 евра. Се чини дека Русите навистина сакаат да возат претседателска лимузина, но и гордост на некоја новата руска автомобилска индустрија. Затоа, не е изненадувачки што тие избрале само врвна изведба.


Да потсетиме, ова е седан долг над 5,6 метри, што естетски многу потсетува на Ролс-Ројс, чии клиенти ги таргетира, барем кога станува збор за Русија. Во тоа помагаат опциите за оклопна верзија, како и фактот дека автомобилот се напојува со моќен 4.4 V8 мотор во хибридно издание. Развива 590 КС и 880 Nm, што е доволно за да го придвижи возилото од 2,8 тони до ограничени 250 км/ч со забрзување до 100 км/ч за околу 6 секунди.
Да ја споменеме и верзијата V12, која ќе биде достапна подоцна. И што е најважно, повеќето компоненти дојдоа од запад, од познати производители, а потоа се било ускладено од тим локални експерти од институтот НАМИ, носител на развојниот проект.


Фото: Aurus Motors


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …