(ВИДЕО+ФОТО) Му било кажано дека ќе умре од коронавирус, а потоа преживеал вистинска драма, за да на крајот се случи ова

Најпрво му било кажано дека ќе умре и дека нема да преживее. Потоа му било кажано дека нема да може да оди, но тој успеал. Неговото оздравување е чудесно…
Омар Тејлор (31) преживеал вистинска драма пред да излезе од болница во Велика Британија.


Тој бил во индуцирана кома, а 30. дена бил на респираторна машина, имал два мозочни удари додека бил во кома, воспаление на белите дробови а и срцето му откажало. На крајот тој го победил корона вирусот и излегол од болница на денот на роденденот на неговиот син.



Најпрво му било кажано дека ќе умре и дека нема да преживее. Потоа му било кажано дека нема да може да оди, но тој успеал. Неговото оздравување е чудесно, изјавила неговата сопруга Кејтлин.


Омар сега е дома и се опоравува. Единствен проблем кој што го има е тоа што десната рака не му функционира и слабо зборува, но лекарите веруваат дека и тоа ќе се поправи и ќе биде добро.
„Беше многу тежок период за нас, поготово со две деца. Него го немаше 8. недели, на децата тоа им изгледаше како цела вечност“, кажува сопругата Кејтлин.


Кога Омар излегол од болница му подготвиле голема прослава.
Во болницата бил испратен со аплауз, а пред неговата куќа се собрале сите комшии и му честитале за чудесното оздравување.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …