(ВИДЕО+ФОТО) Момче од 18. години сензационално зеде злато во пливање – Едвај се пласирал во финалето

АХМЕД ХАФНАОУИ креираше една од најголемите пливачки сензации во поновата историја на Олимписките игри откако освои златен медал на 400 метри слободно.
Неверојатниот 18-годишен Тунижанец на тој начин ги победи фаворизираниот Австралиец Џек Меклафлин, кој заврши втор, и Американецот Киран Смит, кој освои бронза. Фактот што Хафнауи пливаше во најтешката, патека број 8, односно дека едвај се пласираше на последната трка, доволно зборува колку е сензационална неговата победа. Тунижанецот беше во заостаток во целата трка, но тој направи фантастични последни 50 метри и надокнади 40 стотинки на последната делница.
Хафнаоуи ја заврши трката за време 3:43,36, скоро две и пол секунди побрзо отколку во квалификациите и стана само третиот пливач во историјата што освоил злато од патеката број 8. Ова е првото злато за Тунис во оваа дисциплина и трето пливачко во историјата.


„Едноставно не можам да верувам. Ова е остварување на сите мои соништа. Никогаш не сум пливал подобро во животот отколку овој пат. Го посветувам својот медал на мајка ми, тато и сестрите. Сакам да бидат горди на јас“, рече Тунижанецот во еден здив по трката.

До минатата година, Хафнауи беше рангиран надвор од најдобрите 100 пливачи во светот, и пристигна во Токио како 17-ти пливач на ранг-листата на ФИНА.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на доајенот на македонското радио и телевизиско спикерство Иван Антонов

Иван Антонов е роден во село Ума, Гевгелија, на 01 мај 1924 година. Тој беше …