(ВИДЕО+ФОТО) „Марс Инсајт“ слета на Црвената планета: Први фотографии од Марс!

InSight на Марс ќе мине 24. месеци што е приближно на една марсовска година, бележејќи сеизмички и температурни податоци за да се расветли мистеријата за настанувањето на Марс, што би можело да го разјасни и потеклото на Земјата и други цврсти планети во внатрешниот круг на Сончевиот систем.


Леталото на НАСА, вредно 993 милиони долари „Марс Инсајт“ слета на Црвената планета. По седум месеци, беспилотното летало успешно се спушти на тлото на Марс.


Мисијата на леталото е да „ги слушне“ потресите на Марс со цел научниците да можат да ги откријат нејзините внатрешни тајни и да сфатат како се создала, што би требало да помогне во откривањето како се формирани останатите карпести планети, како и Земјата. Се смета дека тоа е местото каде што „Инсајт“ ќе има најголема шанса да ги собере саканите податоци за планетата: да ги истражи составот на тлото, геодетската активност, да ја измери температурата и слично. Сензорите ќе може да ги забие и до 5 метри во длабочината на црвената планета.

Беспилотното летало е лансирано уште на 5 мај од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија и ова е прв обид на НАСА да стигне до Марс по слетувањето на Кјуриосити во 2012. година. Оттогаш, сондата трпеливо се движеше кон својата цел, на рамнината Елизиум на Марс.

На Марс ќе минат 24. месеци
InSight носи инструменти кои ја детектираат температурата на планетата и сеизмичките појави кои засега не биле мерени никаде освен на Земјата. Леталото во тенката атмосфера на Марс влегла со брзина од 19.795 километри на час.
Потоа 123 километри долго слетувале бидејќи слетувањето го успориле атмосферата, џиновскиот падобран и ракетите.Седум минути подоцна нежно слетала во средиштето на пустата рамнина позната како Елисиум Планитиа која се наоѓа во близина на екваторот на Марс.

InSight на Марс ќе мине 24. месеци што е приближно на една марсовска година, бележејќи сеизмички и температурни податоци за да се расветли мистеријата за настанувањето на Марс, што би можело да го разјасни и потеклото на Земјата и други цврсти планети во внатрешниот круг на Сончевиот систем.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …