(ВИДЕО+ФОТО) ЉУБОВ – ВЛЕГЛЕ ВО ГИНИСОВАТА КНИГА НА РЕКОРДИ: Ова е пар со најголема разлика во висина ВО СВЕТОТ – Таа е 53. см. повисока од него!

Џејмс Ластед (33) и Клои (27) од Велс, влегоа во Гинисовата книга на рекорди како двојка со најголема разлика во висината.
Имено, Џејмс е висок 109 см, Клои 162 см, а разликата во нивната висина е 53 сантиметри.


Џејмс е телевизиски актер, уметник во пантомима, кој има редок облик на раст на џуџе. Двајцата се запознале преку заеднички пријатели во еден локален паб.
Клои признава дека пред Џејмс ја привлекувале повисоки мажи, но дека со него сè се сменило.

– Има некој за секого и можеби на крајот нема да биде оној што сте си го замислувале цело време. Се надевам дека нашата љубовна приказна ќе биде доказ дека не можете да процените книга според нејзината корица – рекла таа.
Тие се венчале во 2016. година и имаат ќерка, а Џејмс рекол дека на почетокот се сомневал дека некогаш ќе се ожени, но сега вели дека нивната врска докажува дека има идеален пар за секого.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Lusted (@dwarfmanjay)

– Држењето на ќерка ми во рацете е дефинитивно една од првите две најдобри работи што некогаш сум ги доживеал. „Венчавката со Клои беше вториот најдобар ден во мојот живот“, додал Џејмс.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …