(ВИДЕО+ФОТО) Ја запросил девојката на концертот на Адел и предизвикал бројни реакции: „Не можам да престанам да плачам“

Американската пејачка Адел, по шест години пауза, во неделата го одржа својот прв концерт, а сите собрани беа воодушевени од нејзиниот настап.
Убавата Адел му помогнала на еден маж да ја запроси својата девојка на нејзиниот концерт.
Секако, девојката не очекувала ваков гест, па била малку изненадена.
Видеото од запросувањето набрзо стана популарно на социјалните мрежи, а многу коментатори беа воодушевени од неговиот храбар чин.


View this post on Instagram

A post shared by Adele (@adele)


„Ова дефинитивно никогаш нема да се заборави“, „Ја праша пред најдобрата пејачка на денешницата од А листата“, „Ова е одлично“, „Не можам да престанам да плачам“, „Ова е невозможно да се надмине“, се само некои од коментарите.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

За време на концертот, пејачката извела 10. песни кои вклучуваат микс од стари хитови како „Hello“ и „Rolling in the Deep“, како и некои нови песни од нејзиниот претстоен албум.
Адел се појавила во гламурозен црн фустан со сирена крој, а открила и дека ова е прв концерт на кој е нејзиниот деветгодишен син Анџело.
„Ова е прв пат мојот син да ме гледа како настапувам“, рекла Адел низ солзи.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …