(ВИДЕО+ФОТО) Хорор на настапот на познат рапер во Италија: Во стампедо во ноќниот клуб има 6. мртви, меѓу нив и деца и 100. повредени!

Шест лица, од кои пет малолетници, загинале додека 100. се повредени во стампедото кое рано утрово се случило на концерт во клуб, во мал град на италијанскиот брег, во близина на Анкона.
Меѓу загинатите се три девојчиња и две момчиња, како и возрасна жена – мајка која била во придружба на ќерката на концертот во клубот во градот Кориналдо, каде што настапувал италијанскиот рапер Сфер Ебаста, изјавил од местото на настанот началникот на полицијата во Анкона, Оресте Капоказа.


Дванаесет повредени се во сериозна состојба, рекола Капоказа.
Засега не е прецизирано колку години имаат жртвите од стампедото а не се знае ниту колку точно луѓе имало во преполниот клуб, кога започнало стампедото.
Италијанските официјални лица од Пожарникарско-спасувачката служба за агенцијата АНСА рекла дека публиката во ноќниот клуб почнала да ја фаќа паника и да трча кон излезите откако некој испрскал супстанца слична на пипер спреј.

Неименуван тинејџер (16) за италијанската агенција рекол дека сопствениците на клубот танцувале чекајќи го почетокот на концертот, кога започнало стампедото.
Истиот тинејџер, кој е префрлен во болница поради здобиениоте рани, рекол и дека најмалку еден излез за случај на опасност бил заклучен кога се обидувал да излезе.
Властите истражуваат дали излезите во случај на опасност функционирале.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …