(ВИДЕО+ФОТО) Глумецот тврди дека за корона му кажале уште во 2011. година

Филмот „Зараза“ од 2011 година денес изгледа како пророштво. Филмот го следи појавувањето на нов вирус со необични симптоми, кој брзо се шири. А сега, во интервју за странски медиуми, актерот Џад Ло истакнал дека вакво нешто, како што е короната, веќе се очекувало да се случи со човештвото во 2011 година.
„Се знаеше дека се случи“, рекол Џад.


Актерот раскажа дека научниците, кои биле присутни за време на снимањето, му рекле дека е многу можно ситуацијата од филмот да се случи и во реалниот живот.



„Одлични научници кои работеа со нас беа искусни и знаеја што да очекуваат. Тие ни рекоа дека тоа ќе се случи, тоа е само прашање на време. Како што го опишаа, имаше смисла и токму тоа се случи. Кога дојде во 2020 година и кога слушнав што се случува во Кина, што се случуваше низ целиот свет, за жал, не бев изненаден“, рекол актерот во интервју за странски медиуми.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …