(ВИДЕО+ФОТО) Георгина на Роналдо за Божик му купила скап автомобил, неговиот израз на лицето кажува се

Георгина Родригез во видео на својот Инстаграм профил открила што му купила на Кристијано Роналдо за Божик, а неговиот израз на лицето на сите им ставил до знаење дека е повеќе од задоволен од нејзиниот подарок.

Имено, Георгина не штедела и на фудбалерот му подарила скап автомобил „Ролс Ројс“, кој чини повеќе од 250.000 фунти.


This image has an empty alt attribute; its file name is georgina-podarok-572x1024.jpg

Подарокот му донел насмевка на Роналдо, барем на кратко, бидејќи зад себе имаше неколку тешки денови. Имено, освен што не успеа да го освои Светското првенство и наместо да гледа како шампион станува неговиот најголем ривал Лионел Меси, Роналдо остана и без клуб, откако во интервју за Пирс Морган признал дека нема почит кон тренерот Ерик тен Хејг.
Роналдо на првенството се скарал и со својот тренер Фернандо Сантос бидејќи не го пуштал да ги одигра цели 90 минути на некои натпревари.
Португалија потоа испадна од конкуренцијата во четврт-финалето со пораз од Мароко, а Роналдо во солзи го напушти теренот.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во Мароко – Прв пат во јавност: Шон Пен со 34 години помладата партнерка блеснал на филмскиот фестивал во Маракеш

Шон Пен (64) за прв пат се појавил на црвениот тепих со својата нова девојка, …