(ВИДЕО+ФОТО Галерија) Посна погача полнета со зеленчук

Доколку се подготвувате за слава а сакате нешто да промените во стандардното мени тогаш оваа посна погача може да биде дел од тие новитети…


Потребно е:
400 мл вода
30 г квасец
околу 1 кг брашно
маско, сол, зачини
1 лажица шеќер
1 морков
1 главичка кромид
1 зелена пиперка
100 г свежа зелка
Подготовка:зеленчукот иситнете го, додајте малку масло и динстајте покриено околу 5 – 6 минути, само малку да омекне.
Квасецот растворете го во малку млака вода, додајте шеќер и оставете да стасува.


Во вангличка истурете ја останатата вода, додајте го квасецот, околу 50 мл масло и сол и со брашното замесете тесто кое треба да биде средно тврдо. Оставете на топло да стасува.


Потоа премесете и поделете на два дела. Еден дел оставете и покријте со крпа, а другиот дел поделете го на 5 дела и од секое формирајте топче. Секое топче расукајте го во големина на плехот, овој од сликите е број 26, и намачкајте со масло. Корите ставајте ги една на друга а последната не ја мачкајте со масло.

Така добиеното тесто исечете го на четвртини, а секоја четвртина на половина – од средината кон краевите, а во средина оставете мал дел кој не го сечете. Потоа од долниот дел одвојувајте листови тесто и виткајте кон внатрешноста како што е прикажано во видеото. Горниот дел од четвртините завиткајте го околу витканото тесто. И со сите делови од тестото така по ред.

Втората половина од тестото исто така расукајте го во големина на тавата. На дното на тавата ставете хартија за печење па ставете го тестото и малку намачкајте со масло.
Во средина ставете го динстаниот зеленчук а потоа ивиците свиткајте ги и штипнете во круг за да филот не истече.

Секоја обликувана четвртина ставајте ја во тавата над зеленчукот и тоа повеќе кон центарот.
Погачата намачкајте ја со масло и наросете со семки – сусам или афион. Оставете да стаса и ставете во рерна загреана на 200 степени па печете 40 – 45 минути.
Послужете откако малку ќе се излади.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …