(ВИДЕО+ФОТО) Еруптираше највисокиот вулкан на најнаселениот остров во Индонезија

Планината Семера, највисокиот вулкан на Јава, најнаселениот остров во Индонезија, започнал да исфрла лава откако пред два исфрлил врели облаци до висина од дури 4,5 километри.
Нивото на предупредување за ерупција за Семера, утврдено од Индонезискиот центар за намалување на ризикот од вулкански и геолошки катастрофи (PVMBG), е на највисоко ниво од мај.


Вулканот на почетокот на декември исфрлил врел пепел на 3.000 метри, предизвикувајќи паника кај населението.


Индонезија, архипелаг со повеќе од 250. милиони жители, се наоѓа на Пацифичкиот огнен прстен и често е мета на земјотреси и вулкански ерупции, а се следат над 120. активни вулкани.
Вулканот Мерапи, кој исто така се наоѓа во Јава, еруптираше 36. пати за шест часа, беше објавено во неделата.


Фото: Принтскрин/Тwitter.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …