(ВИДЕО+ФОТО) ЕДНОСТАВНО И ПРЕКРАСНО – Британка ја покажала генијалната трансформација на бањата за која потрошила само 200 евра

Британката Али Бакли покажала како ја трансформирала бањата за многу малку пари и воодушевила илјадници следбеници на социјалните мрежи.
Имено, со помош на креативност, боја и леплива фолија за мебел, Али добила сосема нов изглед на просторијата за нешто помалку од 200 евра (180 фунти).
„Кога имате здодевна бања и тесен буџет, го правите ова“, напишала таа во инспиративното видео на TikTok.

@shemadehome Replying to @Soph Clem hope this helps #bathroommakeover #budgetbathroommakeover #diymakeover #bathroomdecor #budgetbathroom #fypdiytiktok #fypdiy #diytok #diytoks #diybathroommakeover #dcfix #rustoleum ♬ Players – Coi Leray


Таа открила дека користела две различни фолии за мебел, и сива и црна боја за ѕидот и плочките.
„Се плашев да ги префарбам старите плочки од 90-тите, но мислам дека сè излезе одлично“, рекла таа.
Таа открила и дека процесот траел малку подолго отколку што планирала, но дека не и е жал.
Али има повеќе од 10.000 следбеници на TikTok и често прави слични видеа каде следбениците можат да научат како да пренаменат, пребојат или изработат нешто.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …