(ВИДЕО+ФОТО) Aquaman ги урива сите рекорди!

Американскиот филм „Aquaman”, за истоимениот суперхерој креиран во лабораторијата на DC Comics, доживеал неверојатен успех ширум светот, а до сега на глобалната сцена заработил 822. милиони долари.
Филмот „Aquaman” веќе ги надминал успесите на „Wonder Woman” чија вкупна заработувачка била 821. милион долари.
Инаку и’ „Aquaman” и „Wonder Woman” дебитирале во „Лига на правдата“ заедно со Езра Милер кој го глумел Флеш.


„Aquaman” доживеал неверојатен успех вон американскиот пазар каде заработил 560. милиони долари од што само во Кина – 260.милиони.
Приказната ја следи драмата и можниот расплет на војната помеѓу царството на дното на морето и луѓето од површината.


Аквамен ја открива приказната во која малдиот Артур Кари дознава дека е наследник на тронот на подводното царство на Атлантида во кое мора да се врати и да го спаси својот народ. Покрај Џејсон Момо во улогата на кралот на морето, во филмот се појавуваат голем број фантастични глумци. Орма (Ocean Master) го глуми Патрик Вилсон, Амбер Херд ја глуми кралицата на морето Мери, а Вилијам Дефо е сојузник на Аквамен, Вулко. Добитничката на Оскар, Никол Кидман ја игра кралицата Атланта, додека Темура Морисон ја презел улогата на таткото на Аквамен.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …