(ВИДЕО+ФОТО) Најдобра драма за преживување која било кога е снимена

Да се биде единственото лице на екранот во текот на целиот или скоро целиот филм не е лесно. Но им помогнало на кариерите на Сандра Булок, Роберт Редфорд, Том Хенкс и Том Харди. Сега на овој клуб му се придружил и Мадс Микелсен со улогата во трилерот за преживување со име „Arctic”.
Филмот претставува режисерско деби на Џо Пен кој ги дели заслугите за сценарио со Рајан Морисон.
Мадс Микелсен игра пилот со име Овергард кој чека да биде спасен после принудното слетување во арктичката поларна регија.


Пилотот мора да одлучи дали да остане во релативно сигурниот камп или да тргне на опасно патување по непознат терен во надеж дека ќе пронајде спас. Наизглед ништо поинаков од многу други филмови со иста тематика, ги собрал критиките дека станува збор за една од најдобрите драми за преживување која било кога е снимена.
Филмот „Arctic” во кино салите се очекува од 1. февруари.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 10 години без нашиот познат фолк пејач Војо Стојановски

Војо Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во с. Букојчани, Кичевско. Тој беше …