(ВИДЕО) Водителка „пукнала од смеење“ читајќи вести за висината на помошта за инвалидите

На Интернет се шири видео од руската презентерка Александра Новикова, која читајќи вест за социјална помошпочнала хистерично да се смее.
Новикова со морен тон започнала да ја чита веста за зголемувањето на социјалната помош за лицата со посебни потреби, но пукнала во смеа кога прочитала колку изнесува помошта за меѓународен превоз до бањата.
Социјалната помош на лицата со посебни потреби, воените ветерани, жртвите на изложеност на зрачење и други изнесува 1.500 рубли (околу 1.200 денари), од кои 900. може да се користат за лекови, 137. за бањи и остатокот за меѓународен превоз до лекувалиште.


Иако Новикова се обидувала да се воздржи, смеата била посилна и со брзина на молња се рашири преку Интернет. Не било емитувано во вестите, бидејќи не оделе во живо, а многумина предвидуваат дека Александра ќе биде отпуштена од работа за ова.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …