Во деновите на љубовта, Националната опера и балет ве кани да уживате во приказната што на сцената ги носи страста, заведувањето, предавството и смртта. Библиска приказна, која ја обработува вечната борба помеѓу ДОБРОТО И ЗЛОТО. Дозволете вашите емоции овој пат да ги разбранува балетската претстава „Самсон и Далила“, на музика на Камиј Сен-Санс, во сабота, 15 февруари, 2020г. со почеток во 20 часот
Претставата е во кореографија на Роналд Савковиќ (Хрватска), додека во главните улоги ќе настапат: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили (Грузија). Во улогата на Крв: Саша Евтимова, Месо: Ендру Кук (Англија), Церемонијал мајстор: Мирослав Митрашиновиќ и Смрт: Олга Панго
Билетите се веќе во продажба на билетарницата на Националната опера и балет и онлајн на www.operabalet.mk
Утре во НОБ изведба на балетската претстава „Самсон и Далила“
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.