(ВИДЕО) Во македонскиот автобус загинале 12. деца, останатите се на возраст од 20. до 30. години

СТРАШНА сообраќајка се случи синоќа околу два часот на бугарскиот автопат. Загинаа 46. лица, меѓу кои 12. малолетни, а повеќето од загинатите се на возраст од 20. до 30. години, јавуваат бугарските медиуми.
Загинале сите се Албанци од Косово, изјавил албанскиот министер за надворешни работи. Тие беа на патување во Истанбул, пишува Би-Би-Си.
Се уште не е позната причината за несреќата, познато е дека автобусот ја пробил заштитната ограда и се запалил. Бугарскиот министер за внатрешни работи рекол дека пожарот можеби избувнал како резултат на искри во контактот меѓу автобусот и оградата. Тој додал дека жртвите се целосно изгорени. А, се шпекулира дека 45. од загинатите биле Македонци што дополнително ќе биде утврдено со истрагата.
Засега не се знае дали тоа се случило поради грешка на возачот кој исто така загинал или се работи за техничка неисправност на автобусот.

Седум преживеани се пренесени во болница.
Македонскиот премиер Зоран Заев разговараше со еден преживеан. „Спивме кога не разбуди експлозијата. Ги скршивме стаклата на автобусот и успеавме да се спасиме“, рекол преживеаниот, изјавил Заев на новинарите.


Меѓу загинатите има и деца
„Меѓу загинатите има и деца, а седум лица со изгореници се пренесени во болница во бугарската престолнина Софија“, изјавил Николов за приватната телевизија БТВ, пренесе Ројтерс. Македонската новинска агенција МИА наведува дека загинале 12 малолетни лица, меѓу кои и близнаци. Загинал и возачот на автобусот.
Автобусот со 52 лица се движел по автопатот Струма од Софија до Благоевград на југозападот на земјата, а несреќата се случила на излезот за Бошнек, на околу 40. километри јужно од Софија, пишува веб-страницата БТВ.
Инаку станувало збор за ескузија на која се тргнало на 18. ноември а имало повеќе од 200. лица сместени во четири автобуси.


Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МИНЕРАЛ на кој не смееме да заборавиме во сезоната на настинки: Важен за функцијата на имунолошкиот систем

Дали внесувате доволно цинк? Сезоната на настинки и грип е во тек, а еден од …