(ВИДЕО) Во Италија успешно раздвоени сијамски близначки

После скоро две години подготовка, лекарите ја извршиле потребна операција врз сијамските близначки Ервина и Префина.
Тешката, но успешна операција била спроведена во Ватикан. Двегодишните сијамски близначки од Африка споени со главите сега се разделени.
Во 2018. година, родени се девојчињата Ервина и Префина Бангало, поврзани со задните делови на главата.


Бидејќи во повеќето случаи близнаците се поврзани со темето, ова бил голем предизвик за лекарите.
„Имавме можност да работиме на еден од најсложените случаи. Девојчињата ги делеа не само кожата и черепот, туку и важните крвни садови. Крвта се движи од мозокот до срцето низ нив“, истакнал д-р Карло Марас.
Речиси две години, тим на лекари од детската болница во Ватикан се подготвувал за таква операција. Пред една година биле извршени две подготвителни операции.
„Лекарите мораа да го пренасочат протокот на крв во мозокот на близнаци одделно преку серија операции, така што и двете имаат доволно вени што одведуваат крв“, рекол д-р Гес Тејлор од Детската болница во Филаделфија.
Во операцијата учествуваале30 лекари и медицински сестри. Сите биле воодушевени кога виделе дека операцијата е успешна. Засега, кај девојчињата не останало никакво невролошко оштетување.
Не поминало ниту еден месец, а девојлињата својот втор роденден го прославиле во болницата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …