(ВИДЕО) Во Чиле се отворила огромна дупка во земјата, широка е 25. метри – испитувањето е во тек!

Во Чиле, во рударската област Тиера Амарила, за време на викендот се појавила огромна дупка со дијаметар од околу 25. метри, која сега ја истражуваат чилеанските власти.
Локалните медиуми покажаа снимки од воздух од дупката во земјата.
Таа област, на околу 665. километри северно од главниот град Сантијаго, е минирана од канадската компанија Lundin Mining, пишува Гардијан.
Сернагеомин, националната геолошка и рударска служба, дознала за дупката во саботата и испратила експертски персонал во областа, рекол директорот на службата Дејвид Монтенегро.

This image has an empty alt attribute; its file name is dupka-vo-cile-1-jpg.jpg


„До дното има значително растојание, приближно 200 метри. Не откривме никаков материјал во дупката, но видовме присуство на голема количина вода“, истакнал Монтенегро.
Сернагеомин известил за затворање на областа од влезот на локацијата на рудникот Алкапароса, која се наоѓа во близина на дупката. Ландин Манинг вчера соопштил дека дупката не влијаела ниту на работниците, ниту на заедницата.

„По откривањето на дупката, областа веднаш е изолирана и информирани се соодветните регулаторни органи. Во тек е техничка анализа за да се утврди причината за дупката. Најблиската куќа е на 600. метри од дупката, а населените места и јавните служби се на речиси еден километар оддалеченост од местото на формирање на дупката“, објавила канадската компанија.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …