(ВИДЕО) Влатко Миладиновски после „Велат не нема“ новата година ја започнува со „Се вратив сине“ – емотивна печалбарска приказна!

Нашиот популарен пејач на народна музика Влатко Миладиноски, новата година ја започнува со промоција на нов спот, овој пат за темата „Се вратив сине“.
Спотот е снимен во Швајцарија, поточно во Лозана и Морж, и на Козјак. Музиката и аранжанот за оваа песна ги направи неговиот брат Златко Миладиноски, а текстот е на Драган Матески.


Промоцијата на најновиот спот доаѓа во време кога Влатко успешно ја заврши телевизиската и концертната промоција на својот нов албум „Велат не нема“, а се’ започна точно пред една година со спектакуларниот и емотивен настап во близина на Солун, за кој зборуваа и информираа сите, каде Влатко и 2.000 македонски грла заедно ја пееја „Велат не нема“, песна која ќе ја одбележи неговата кариера.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …