(ВИДЕО) ВЛАСТИТЕ ПРЕДУПРЕДИЛЕ – ЖИТЕЛИ НА АМЕРИКАНСКИ ГРАД НЕ СМЕАТ ДА ПИЈАТ ВОДА ОД ЧЕШМА:Пронајдена амеба која „го јаде“ мозокот!

Жителите на Лејк Џексон во Тексас се предупредени да не користат вода од чешма откако на градскиот извор бил пронајден смртоносен микроб што јаде мозок .
Тестовите потврдиле дека во водоводниот систем е присутна Naegleria fowleri, позната како „амеба што јаде мозок“. Амебите можат да предизвикаат инфекција на мозокот што обично завршува со смрт.
Инфекциите се ретки во САД, а 34. се забележани во периодот од 2009. до 2018. година.
Предупредувањата на градските власти се однесуваат само на Лејк Џексон, кое има повеќе од 27.000 жители, иако првично било препорачано во осум тексашки заедници да не користат вода за ништо друго освен за миење на тоалети.


Официјалните лица подоцна рекле дека граѓаните можат да користат вода ако ја зовријат пред консумирање и дека мораат да бидат претпазливи кога се тушираат, така што водата да не доаѓа во контакт со носот и устата.
Градот предупредил дека децата, старите лица и луѓето со ослабен имунолошки систем се особено ранливи категории.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 29.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Можно е денес да комуницирате со некој од минатото кој би можел да …