(ВИДЕО) ВИСТИНСКИ ХИТ – И ТИЕ СЕ САМО ЛУЃЕ: Погледнете како Буш и Путин танцувале во Сочи!

Кремљ продолжи да објавува архивски снимки по повод 20. години од доаѓањето на власта на претседателот Владимир Путин.
На едно феноменално видео од 2008. година гсе гледа како Путин и поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш танцуваат на традиционалната музика во Сочи.
Буш го посетил Сочи, откако ги охрабрил Грузија и Украина да се придрижат на НАТО на самитот на Западниот блок во 2008. година.

 



Кога двајцата првпат се запознале во 2001. година, Буш рекол дека може да ја разбере „душата на Путин“. Путин потоа го посетил Буш на неговиот имот во Тексас.
Во Сочи, тие за последен пат се состанале како претседатели, бидејќи Путин стана премиер еден месец подоцна, а Буш беше наследен од Барак Обама следната година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …