(ВИДЕО) Вака се „јаде“ снег сервиран на автопат

Се’ е во тимската работа…
Голем дел од Америка оваа недела остана парализиран од силни врнежи и студ. Особено било тешко во Тексас каде што зимската служба се борела да ги задржи главните патишта проодни.


Видео од Кентаки јасно покажува како се чисти автопатот таму. Вкупно седум „плугови“ беа потребни да работат заедно за да го исчистат автопатот во една насока и тоа во полна ширина која вклучува три ленти и страничните делови од патот. Тоа е I-75 Road, важен коридор што ги поврзува Мичиген и Флорида. Со тандемска работа, „плуговите“ го отстрануваа снегот од патот, поместувајќи го одлево надесно, со што се обезбеди значително побезбеден сообраќај на патиштата.

Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …