(ВИДЕО) Росберг после C_Two на Римац, оспробал Ауди и се обидел да биде побрз од формула

AUDI одлучил да покаже колку е брз нејзиниот новооткриен електричен новитер.
Дуелот во забрзување помеѓу Ауди и Формула 1 значи и дуел помеѓу шампионите во Ф1 и Формула Е. Зад воланот на новиот е-трон ГТ е Нико Розберг, додека Формула Е ја вози Лукас Ди Граси.
Нема потреба да трошите зборови на наклонетоста на Розберг кон брзината и особено електричните автомобили, но вреди да се повтори дека тој е голем обожавател на Римац. Една од причините е што сфатил дека спортските електрични автомобили му даваат искуство најблиску до тоа во Формула 1, барем кога станува збор за забрзување. А е-трон ГТ со над 600 КС моќност што му го даваат два електромотори достигнува 100 км на час за 3,3 секунди и не попушта се’ до 250 км на час. Респектибилни вредности, нели.
Видеото сега таков автомобил ни соочува со болид на Формула Е. Со малку повеќе од 335 КС и минимална тежина, потребни се околу 3 секунди за да се достигнат 100 км на час. Интересно, дуелот не се одвива во идеални услови. Студеното време и врнежите сигурно не одат рака под рака со електричните автомобили кои не можат да го покажат својот максимум. Сепак, на првиот дуел, Формула победи со приближно должина на болидот.
И тогаш повторно се разбуди натпреварувачкиот дух на Розберг. Погледнете подолу како заврши.


Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …