(ВИДЕО) Урнебесна снимка – Симпатично момче насмеало со својот одговор на прашањето што сака да биде кога ќе порасне: „Ќе бидам крадец!“


На концертот на Марија Шерифовиќ одржан синоќа во Белград, вниманието на публиката го привлекло едно симпатично момче кое ги насмеало сите во салата со својот неочекуван и искрен одговор.
Марија поканила две момчиња и едно девојче на сцената, прашувајќи ги што сакаат да бидат кога ќе пораснат. Првото момче одговорило дека сака да биде полицаец, додека второто момче ги изненадило сите со својот одговор.

@endzi25 🤣🤣🤣 @Marija Serifovic #foryou #foryoupage #foryourpage #trending #music #love #ljubav #tiktoksrbija #srbija #balkan #balkantiktok #viral #viralvideo #viraltiktok #fyp #fy #video #viralvideotiktok ♬ original sound – Magicna.tajna


Имено, момчето одговорило дека сака да биде „крадец“, а неговиот одговор предизвикал громогласна смеа кај публиката. Овој симпатичен момент брзо стана хит на социјалните мрежи, каде што корисниците го споделија видеото и коментираа за необичниот одговор на момчето.

„Добро е што не рече Додик“, „Искрено одговорче“, „Не разбравте, малечкиот сака да биде политичар“, „Детето е искрено, во ред е“, „Ова е феноменално“, беа само дел од коментарите на ТикТок.
Инаку, синоќа во Белград, Марија го одржа својот последен концерт во рамките на турнејата „Долази љубав“. На концертот се собраа бројни пријатели и колеги на Марија Шерифовиќ, меѓу кои беа Марија Микиќ, Јована Николиќ, Јована Пајиќ и многу други.


Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) „ПОЛОВИНА ОД МОЕТО СРЦЕ Е МАРИО“: Марија Шерифовиќ испрати емотивна порака до своето семејство и публиката

Пејачката истакнала дека нејзиниот син е сè за неа и дека присуствувал на секој концерт, …